Денеска (02.04.) полициски службеници од ПС Делчево во соработка со Јавната здравствена установа ,,Гоце Делчев“ и Територијалната противпожарна единица Делчево во ОСУ „Методија Митевски- Брицо“ во Делчево, за средношколците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.
Исто така, денеска и полициски службеници од ОВР Пробиштип реализираа превентивна активност посветена на бесправната сеча на дрва, како и на опасностите од шумските пожари. На повеќе локации во градот полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на законските аспекти од бесправната сеча на шуми, како и околу потенцијалните ризици за настанување на шумски пожари.