30 март 2025

„Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ - превентивна активност на СВР Скопје

 Денеска (30.03.2025) на Средно Водно, Одделението за превенција при СВР Скопје постапуваше по план „Превенција од имотни деликти“ и кампања „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. Основна цел на проектот е заштита од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, со акцент на заштита од тешки кражби од патнички моторни возила.

Исто така, цел на оваа кампања е и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Притоа, на присутните граѓани им беше укажувано дека оставањето на вредни предмети видливи во автомобилот претставува потенцијално привлекување на извршување на кривично дело од делот на имотни деликти. На граѓаните им беше укажано и на потребата од подигнување на нивото на самозаштита, а им беше поделен едукативен материјал.