28 март 2025

Едукативна работилница на СВР Битола: „Стоп за насилството во училиштата“

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола вчера (27.03) реализираа едукативна работилница посветена на темата – „Стоп за насилството во училиштата“ со ученици од гимназијата   „Јосип Броз Тито“ во Битола.

Притоа, на работилницата, конципирана како интерактивна комуникација со учениците, беа презентирани различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи. 
Основната цел на едукативната работилница всушност беше подобрувањето на личната и на севкупната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и благовремено превенирање на сите облици и видови на насилство помеѓу учениците. Исто така, на учениците им беа презентирани и опасностите од користењето на психотропните супстанции, како и законските санкции по однос на истите.