28 март 2025

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на ПС Свети Николе

Денеска (28.03.) полициски службеници од ПС од ОН Свети Николе и ПО за БПС Свети Николе под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“ спроведоа едукативна кампања во делот на сообраќајната безбедност. 

Така, на локации  на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе, во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, полициските службеници укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, пред се кај возачите, како и за сериозните последици што може да ги предизвика таквото однесување. На возачите исто така им беше укажано за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП.