Одделението за превенција при СВР Скопје под мотото – „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ денеска (27.03.) на територијата на ПС Центар, поточно на улицата „Водњанска“, заедно со РСБСП реализираа превентивна активност со цел да се апелира до возачите за совесно учество во сообраќајот со целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.
На возачите, им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП. Покрај ова, денеска беше реализирана и превентивна едукативна работилница во ЈУОДГ Пролет – Карпош, објект „Сончогледи“ на тема „Професија полицаец“ и „Улогата на полицаецот во општеството“ за деца на возраст од 3-6 години.
Исто така, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ПС Ѓорче Петров и ПО Мирковци на подрачјата на овие организациони полициски единици реализираа четири едукативни работилници во основните општински училишта „Мирче Ацев“ и „Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски“ (ПС Ѓорче Петров) како и во „Кирил и Методиј“ и „Александар Урдаревски“ (ПО Мирковци). Работилниците беа спроведени заедно со учениците од училишните клубови за превенција при овие основни училишта.