Денеска (27.03.) полициски службеници од ПС Берово во ОСУ „Ацо Русковски“ во Берово, реализираа едукативна работилница на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“.
Притоа, учениците од трета и четврта година од ова средно училиште, преку едукативна презентација беа запознаени како да се однесуваат во кризни ситуации, односно како да се совлада паниката и безбедно да се евакуираат од објекти, доколку тоа е потребно. Исто така, стана збор и за законските одредби кои го санкционираат присуството на малолетници во угостителски објекти.
Воедно, во соработка со претставници на Здравствениот дом Берово и Пехчево, како и со учество на волонтери од Црвениот крст Берово, за учениците беше спроведена показна симулациска вежба за брза евакуација во случај на итност и однесување во кризни ситуации.