Вести

17 март 2025

„Стави појас“, превентивна активност на СВР Тетово

Вчера (16.03.) полициски службеници од Отсекот за превенција и Полицискaта станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, на наплатните рампи Желино и Тетово, спроведоа превентивна активност под мотото „Стави појас“. 

Со делење на едукативни летоци, полициските службеници ги потсетуваа возачите и сопатниците во возилата дека обврската за користење на сигурносен појас е пред се за нивна лична безбедност и дека тој безбедносен стандард значително влијае за тоа какви ќе бидат последиците од евентуалните сообраќајни незгоди. Воедно, на возачите им беше укажано за прекршочните одредби со кои се предвидува санкционирање на лицето кое нема да користи сигурносен појас, независно дали се работи за возач или сопатник.