Денеска (14.03.) во централното градско подрачје на Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани беше спроведена превентивна активност на тема – „Не пиј кога возиш“. Целта беше насочена кон подигање на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност за време на управување со моторно возило, за да не си го загрозат сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот. Исто така, беше посочено дека управување на моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и истото ќе биде санкционирано согласно кривичниот законик или ЗБСП. Исто така, на граѓаните им беа делени летоци со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.
Исто така, денеска, и полициски службеници од ПО за БПС Берово, спроведоа превентивнa активност од областа на сообраќајната безбедност. Активностa беше спроведена на влезот во Пехчево, а под мотото „Стави појас“.
Во непосредна комуникација со возачите, полициските службеници укажуваа на важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, а во контекст на зададената тема се апелираше до возачите, но и до сопатниците, задолжително да ги користат сигурносните појаси. Исто така, на возачите им беа делени информативни летоци изработени од РСБСП.