13 март 2025

„Паркирај совесно, паркирај одговорно“, превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (13.03.) на повеќе локации во Тетово, Остекот за превенција при СВР Тетово  спроведе превентивно - едукативна активност под мотото - „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.

Притоа, на возачите им беа давани совети за поголема безбедност во сообраќајот, за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за ризиците од погрешно паркираните возила, односно паркирани на места каде што не е дозволено. Исто така, на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници.