13 март 2025

Едукативна работилница на СВР Битола за превенција од врсничко насилство

Полициски службеници од  СВР Битола на покана на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола , односно Правниот факултет Битола, заедно со преставници на општина Битола, Центарот за социјални работи Битола, како и претставници од училишта и професори од факултети на подрачје на Битола, реализираа едукативна работилница посветена на темата – „Врсничко насилството во училиштата во општина Битола“.

Притоа, на работилницата, конципирана како интерактивна комуникација со професорите од Правниот факултет, беа презентирани различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи, како потенцијален причинител на девијантни поведенија, вклучително и насилството. Основната цел на едукативната работилница всушност беше подобрувањето на личната и на севкупната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и благовремено превенирање на сите облици и видови на насилство помеѓу учениците. Исто така, на работилницата беа презентирани и анкетни статистики кои беа извршени со ученици од основните и средните  училишта на подрачје на Битола.