Вести

12 март 2025

Покана до медиуми

 


Утре, 13.03.2025 (четврток) во 13:00 часот во Касарна „Илинден“- Скопје (базата на „САЕ- ТИГАР“), ќе се одржи свечена церемонија по повод Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, на која свое обраќање ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и командантот на САЕ ТИГАР Драган Прокоповски.

Делегации на МВР и Владата ќе положат свежо цвеќе и оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- ТИГАР“.

Согласно агендата не се предвидени изјави за медиумите.

Ги покануваме медиумите да бидат присутни до 12.30 часот.