Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера (11.03) реализираа едукативна работилница посветена на темата – „Стоп за насилството во училиштата“ со учениците од основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар.
Притоа, на работилницата, конципирана како интерактивна комуникација со учениците, беа презентирани различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи, како потенцијален причинител на девијантни поведенија, вклучително и насилството. Основната цел на едукативната работилница всушност беше подобрувањето на личната и на севкупната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и благовремено превенирање на сите облици и видови на насилство помеѓу учениците. Исто така, на учениците им беа презентирани и опасностите и последиците од користењето на психотропните супстанции, како и законските санкции.
Покрај ова, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола во централното градско подрачје на Битола и излезите од градот реализираа превентивна активност во насока на побезбеден сообраќај под мотото - „Стави појас“.