Вести

12 март 2025

Покана до медиуми

 Утре, 13.03.2025 (четврток) во 11.30 часот во Центарот за обука на МВР во Идризово (холот на средното полициско училиште, влезот од писта), ќе се одржи свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на Директори на Полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) од страна на американската амбасадорка Ангела Агелер.

На настанот ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и амбасадорот на САД, Н.Е. Ангела Агелер и помошник на министерот на Центарот за обука, Влатко Митковски.

Ги покануваме медиумите да бидат присутни до 11.15 часот и да го проследат настанот.