11 март 2025

Превентивни активности на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (11.03.) постапувајќи по план за превентивниот проект – „Превенција од имотни деликти “ и кампањата под мотото – „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ реализираше едукативно превентивна активност на подрачјето на Полициската станица Карпош. Основна цел на проектот е зголемување на самозаштита од тешки кражби од патнички возила, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на присутните граѓани им се укажуваше дека со применување на мерки за самозаштита, може да се превенираат последиците и притоа им се делеа летоци со едукативна содржина. 

Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, вчера, пак, во ООУ„ Невена Ѓ. Дуња“ реализираа две едукативни работилници со учениците од осмо одделение на тема  „Превенција од зависности“.  Преку наменска видео презентација, учениците  беа информирани дека зависноста може да биде различна односно постојат зависности од дрога, од алкохол, од никотин, од анаболици и стероиди, па дури и од храна , коцкање,  мобилен телефон, интернет, гледање телевизија и друго. Разните зависности често се генератор на агресивност, насилство и криминал, а тоа носи и неизбежно пропаѓање на зависникот, неговото семејство и поширокото општествено опкружување. Исто така, децата беа запознаени со превенцијата од зависностите , особено преку благовремена информираност и едукација. 
Покрај ова, Одделението за превенција и полициски службеници од Полициската станица Центар реализираа превентивна активност, односно посета на Полициската станица Центар од децата од детска градинка „Спирит“, кои што беа запознаени со професијата полицаец,. На дечињата им беа појаснети основните должности и активности на полицискиот службеник со фокус на оние домени на работа кои се интересни за децата – како сообраќајот, заштитата, безбедноста на луѓето и слично.