Денеска (11.03.) полициски службеници за превенција и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип во основното општинско училиште „Ванчо Прќе“ во Штип реализираа едукативна работилница на тема – „Безбедност во сообраќајот“, а наменета за учениците од петто и шесто одделение.
Притоа, учениците беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот, и како пешаци, но особено кога возат велосипеди.
Денеска, и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кочани во централното градско подрачје спроведоа превентивна активност под мотото „Не зборувај на мобилен додека возиш“.
Полициските службеници им укажуваа возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, како што е забраната за користење на мобилен телефон при управување со моторно возило. На возачите им беше посочено дека користењето на мобилен телефон во текот на управувањето со моторни возила го одвлекува вниманието, се намалува внимателноста кон состојбите на патиштата и се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди. Исто така, на возачите им беа делени летоци со едукативни совети изработени во соработка со РСБСП.