Денеска (10.03.) полициски службеници за превенција и полициски службеници од ПО за БПС Делчево во основното општинско училиште „Ванчо Прќе“ во Делчево реализираа едукативна работилница на тема – „Безбедност во сообраќајот“, а наменета за учениците од осмо и деветто одделение.
Притоа, учениците преку наменски подготвено предавање беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот, и како пешаци, но особено кога возат велосипеди.