09 март 2025

Превенција СВР Штип

Вчера (08.03.) а по повод празникот „Осми Март“ и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип полициски службеници од Отсекот за превенција организираа и спроведоа превентивни активности посветени на жените-учесници во сообраќајот. Така, полициските службеници од ПС за БПС при СВР Штип, како и полициски службеници ОВР Делчево, ОВР Берово, ОВР Пробиштип, ОВР Виница, ОВР Свети Николе и ПО за ОН Маледонска Каменица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на претходно одбрани локации во посочените урбани средини со цвеќе и делење едукативни летоци на жените-возачи нагласувајќи ја потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи посебен акцент посветија на одговорното учество во сообраќајот.