Вчера (08.03.) од страна на полициски службеници Отсекот за превенција при СВР Тетово, од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, по повод „8-ми Март“-Меѓународниот ден на жената, беа реализирани превентивни активности во Тетово и Гостивар.
Целта на превентивната активност беше зголемување на сообраќајната култура кај возачите, почитување на правилата и прописите во сообраќајот од страна на жените, како рамноправни учесници во сообраќајот.
Воедно на припадничките од понежниот пол им беше честитан празникот, беа поделени наменски едукативни материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и цвеке во знак на внимание.