Денеска (08.03.) од страна на полициски службеници Отсекот за превенција при СВР Велес, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино, по повод „8-ми Март“-Меѓународниот ден на жената, реализираа превентивни активности во Велес, Кавадарци и Неготино.
Целта на превентивната активност беше зголемување на сообраќајната култура кај возачите, почитување на правилата и прописите во сообраќајот од страна на жените, како рамноправни учесници во сообраќајот.
Воедно на припадничките од понежниот пол им беше честитан празникот, беа поделени наменски едукативни материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и цвеке во знак на внимание.