08 март 2025

Одделението за превенција при СВР Скопје и РСБСП спроведе три сообраќајни превентивни активности наменети за жените возачи.

Денеска (08.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе три сообраќајни превентивни активности овој пат наменети за жените возачи. 

Едукативно превентивните активности се спроведоа на подрачјето на ПСОН Аеродром кај Капитол Мол, потоа на подрачјето на ПСОН Карпош кај Сити Мол и ПО Сарај кај ТЦ Сарај, а во врска со кампањата „Честит 8ми Март - Вози одговорно“. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите при укажување на потребата од почитување на правилата во сообраќајот, им се делеше и едукативен материјал односно летоци со порака за прославување на празникот достоинствено, со безбедно и одговорно учество во сообраќајот како пример на совесно управување со возило.