08 март 2025

Kампањата на СВР Струмица „Вози одговорно“, која има за цел подигање на свеста за важноста на жените во сообраќајот .

Денеска (08.03.)во чест на одбележување на празникот на жената „8-ми Март“, Секторот за внатрешни работи Струмица, во соработка со општина Босилово и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози одговорно“, која има за цел подигање на свеста за важноста на жените во сообраќајот .

Полициските службеници со делење на симболични подароци и летоци со едукативна содржина на сите жени затекнати како управуваат моторни возила ги потсетуваа дека треба да бидат горди што возат безбедно и одговорно, почитувајќи ги сообраќајните правила и прописи и да бидат пример како да се вози.

За тоа дека жените се одговорни возачи потврдуваат и статистичките податоци според кои на подрачје на Струмица во месеците јануари и февруари годинава од вкупно санкционирани 1064 возачи, само 77 биле припаднички на женскиот пол.

Превентивните активности покрај кон жени возачи беа насочени и кон жените пешаци, кои како учесници во сообраќајот исто така влијаат за подигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво.

Вакви активности денес се реализирани и на подрачјата на Радовиш, Гевгелија и Валандово каде полициските службеници покрај редовното преземање мерки и активности на терен, ќе постапуваат и превентивно, се со цел одбележување на денот на жената 8-ми Март, а на останатите учесници во сообраќајот ќе им биде укажано да ги почитуваат жените како рамноправни учесници во сообраќајот.