08 март 2025

Отсекот за превенција при СВР Битола подели рекламен материјал и цвеќе по повод „8-ми Март“

Денеска (08.03.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во централното градско подрачје на Битола реализираа превентивна активност, а истата по повод „8-ми Март“, меѓународниот ден на жената. 

Целта на активноста беше насочена кон жените возачи со посебен акцент на помладите возачи при што покрај препораки и совети за безбедно учество во сообраќајот на истите им беше поделен рекламен материјал и цвеќе.