Вчера (06.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП продолжи со спроведување на сообраќајно превентивни активности на подрачјето на ПСОН Центар, поточно на улицата „Македонија“, а под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите при укажување на потребата од почитување на правилата во сообраќајот, им се делеше и едукативен материјал со информативни содржини.
Одделението за превенција при СВР Скопје вчера реализираше и превентивни активности и во поглед на превенција од имотни деликти, под мотото – „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, а на подрачјето на општина Аеродром, односно на улицата Ангел Димовски. Во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници укажуваа дека оставањето на вредни предмети видливи во автомобилот е потенцијално привлекување за извршување на кривично дело од делот на имотни деликти, обивање на возило поради кражба. Се укажуваше и на потребата од подигнување на нивото за безбедносна свест и заштита и при тоа на граѓаните им се делеше и едукативен материјал односно летоци со едукативни препораки.