Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, вчера (06.03.) во соработка со Здружението на пензионери Битола - месен огранок општина Новаци за пензионерите од подрачјето на општина Новаци реализираа превентивна кампања под мотото – „Заштити се од џепни кражби“, a беше реализирана и превентивна активност „Правилно користење на земјоделска механизација“.
Во рамки на активностите, покрај тоа што на граѓаните им беа делени летоци со едукативна соодржина од областа на имотните деликти, од страна на полициските службеници им беа давани низа корисни и практични совети за заштита од имотните кривични дела како што се разбојништвата, дрските кражби, кражбите, измамите и друго.
На граѓаните особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, со брзо и точно пријавување на бесплатниот телефонски број 112 за навремена реакција и преземање на мерки од страна на полицијата.
По однос пак на втората превентивна активност, особено со скорешното отпочнување на пролетната сезона и работа со земјоделската механизација на терен, на жителите од општината им беше укажано за важноста од користење исправна механизација и приклучна опрема односно истите да бидат соодветно обележани со сигнализација и исправни за учество во сообраќајот .