Вчера (05.03.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и Полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола спроведоа едукативни предавање со учениците од основното училиште „Елпида Караманди“ на тема „Безбедност во сообраќајот“ со акцент на правилата за малите пешаци.
Учениците беа запознаени со основните сообраќајни поими, со сообраќајните знаци, со правилата и прописите и како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, кога се пешаци или кога возат велосипед. Тие воедно беа запознаени и со задачата на еден полициски службеник, а во рамки на предавањата им беше поделен и наменски едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП.
Исто така, и полициски службеници од ОВР Ресен и ОВР Крушево реализираа превентивни активности во насока на побезбеден сообраќај на возачите „Стави појас“.