06 март 2025

Превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (06.03) во Тетово беше  спроведена превентивна активност како содржински дел од кампањата на Министерството за внатрешни работи за јакнење на довербата помеѓу полицијата и заедницата. На локации кај Зелениот пазар во Тетово, полициските службеници им делеа на граѓаните летоци, во кои се поместени повеќе информации поврзани со принципите на полициското работење, главните професионални полициски цели, механизмите за контрола на полициското работење во заедницата и за формите и начините на градење меѓусебна доверба и ефикасна двонасочна партнерска соработка вo врска со превенирање од имотните деликти.

Покрај ова, во непосредната комуникација граѓаните прашуваа и добија конкретни одговори за сервисните услуги што секојдневно им ги нуди МВР. Приоритетната цел на денешната средба на граѓаните и полицијата беше насочена кон  проширување и продлабочување на соработката на полицијата и заедницата во функција на справување со сите видови криминал и воспоставување поголема безбедност на граѓаните.