06 март 2025

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

Денеска (06.03.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа две едукативни предавање со учениците од прво до петто одделение во подрачните училишта „Сандо Масев“ во струмичките села Водоча и Баница, а на тема „Безбедност во сообраќајот“ со акцент на правилата за малите пешаци.

Учениците беа запознаени со основните сообраќајни поими, сообраќајни знаци, правила и прописи и како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, кога се пешаци или кога возат велосипед. Тие воедно беа запознаени и со задачата на еден полициски службеник, а во рамки на предавањата им беше поделен и наменски едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП.