05 март 2025

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Денеска (05.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајни превентивни активности на подрачјето на ПСОН Центар, поточно на улицата „Македонија“, под мотото – „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. 

Основната цел на активноста беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура, преку почитување на сообраќајните правила и прописи, како и во поглед на зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, во рамки на денешната активност на учесниците во сообраќајот им беа делени печатени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.