Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со преставниците на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво од Битола вчера (04.03) реализираа едукативна работилница посветена на темата - "Насилството и сајбер булинг" со учениците од основното училиште „Гоце Делчев" од Битола.
Притоа, на работилницата, конципирана како интерактивна комуникација со учениците, беа презентирани различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи, како потенцијален причинител на девијантни поведениа, вклучително и насилството. Основната цел на едукативната работилница всушност беше подобрувањето на личната и на севкупната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и благовремено превенирање на сите облици и видови на насилство помеѓу учениците. Исто така, на учениците им беа презентирани и законските последици што ги носи со себе насилничкото поведение