04 март 2025

Превентивни активности на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од ПСОН Ѓорче Петров  денеска (04.03.) во основните општински училишта „Димитар П.Ѓ. Беровски“ и „Мирче Ацев“ реализираше две едукативни работилници со ученици од училишните клубови за превенција на темата „Превенција од зависности“. Говорејќи за зависностите, преку практични полициски искуства и наменски подготвена видео презентација, учениците – членови на клубовите за превенција беа информирани за разните видови на зависности, кои се често се генератор на агресивност, насилство и криминал. Исто така, децата беа запознаени како да се превенираат зависностите, при што беше нагласено дека прв и најважен чекор е информираноста и едукацијата. 

Покрај ова, Одделението за превенција реализираше превентивна активност и во ЈУГД „Весели Цветови“ – објект Кокиче со дечиња од предучилишна возраст на тема – „Запознавање со професијата полицаец“. На едукативно превентивната работилница присуствуваа дечиња од четири до шестгодишна возраст, на кои  соодветно за нивната возраст, им беа појаснети основните должности и активности на полицискиот службеник односно полицијата, со фокус на оние домени на работа кои се интересни и секако важни за децата – како сообраќајот, заштитата, безбедноста на луѓето и слично.