Денеска (04.03.) од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово во центарот на Берово, поточно на локации на улицата „Маршал Тито“ беше спроведена превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Од страна на полициските службеници покрај укажувањата до возачите, беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП , а се со цел превенција од оваа појава и зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Исто така, и од страна на полициски службеници од ПО за БПС Делчево беше реализирана превентивна активност во централното градско подрачје на Делчево на тема – „Вози одговорно, стави појас“. За време на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина за почитување на законската регулатива, односно за почитувањето на сообраќајните правила и прописи.
Покрај ова, и во Пробиштип од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип беше реализирана превентивна активност од областа на сообраќајот, како во делот на забранетото конзумирање на алкохол кога се управува возило, така и во делот на недозволеното користење мобилен телефон при возење. Притоа, на учесниците во сообраќајот им беше укажувано за штетните последици што ги носи конзумирањето на алкохол доколку потоа се управува со моторно возило, а беа потенцирани и законски предвидените санкции за управување под дејство на алкохол. Воедно беа поделени едукативни летоци со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.