03 март 2025

„И јас и ти, сите сме пешаци“, превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (03.03.2025) на подрачје на Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Тетово, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „И јас и ти, сите сме пешаци“.

Преку делење на летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП полициските службеници ги потсетуваа пешаците, како една од најранливите и најзагрозени категории на учесници во сообраќајот, за нивните обврски при учество во сообраќајот. Ги потсетуваа дека задолжително треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин, како и за други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Исто така, на возачите им беше укажано дека мора целосно да ги почитуваат правилата односно да им даваат предност на пешаците при преминување на сообраќајниците.