03 март 2025

Превентивни активности на СВР Битола за побезбеден сообраќај

 Денеска (03.03.), како и во текот на вчерашниот ден, Одделението за внатрешни работи Крушево и Одделението за внатрешни работи Ресен во соработка со РСБСП спроведоа сообраќајни превентивно едукативни активности. Едукативно превентивните активности беа спроведени на подрачјето на Крушево и Ресен, меѓу другото и на локации во близина на рекреативно- излетнички места , а во рамки на кампањите „Носи појас“, потоа „Не пиј алкохол кога возиш“, „Не зборувај на мобилен телефон додека возиш“, како и - „Паркирај совесно и одговорно“.  Основна цел на активностите беше зголемување на сообраќајната култура, со цел максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им беше поделен и едукативен материјал –летоци, изработени во соработка со РСБСП.