Денеска (02.03.2025) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајни превентивно едукативни активности наменети за возачите. Едукативно превентивните активности беа спроведени на подрачјето на ПО Петровец, кај наплатна рампа "Петровец" , а во склоп на кампањите "Носи појас", "Не пиј алкохол кога возиш" и "Не зборувај на мобилен телефон додека возиш". Основна цел на кампањите е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Исто така, на возачите им беше поделен и едукативен материјал односно летоци.