Денеска (01.02.2025) на подрачје на Струмица полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица реализираа превентивна активност во рамки на проектот „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“.
Во пресрет на одржување на културната манифестација „Струмички карневал 2025“ во Струмица, полициските службеници, преку непосреден разговор, им ја објаснуваа на граѓаните улогата на полициските службеници и потребата од взаемна соработка, затоа што со градењето на партнерски однос помеѓу полицијата и заедницата се придонесува за поголема безбедност на сите кои живеат во неа.