Вчера (28.02.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа едукативни работилници во Основното општинско училиште „Браќа Миладиновци" и средното училиште „Сами Фрашери" во Куманово.
На учениците им беа презентирани основните карактеристики на девијантни и кримогени појави како што се говор на омраза, насилство, врсничко насилство, булинг, како и начините за нивно рано препознавање и превенција, секако во соработка со полицијата.