Денеска (28.02.2025) во Ресен, полициски службеници од полициското одделение за безбедност на сообраќајот при ОВР Ресен - СВР Битола спроведоа превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“. На граѓаните им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел намалување на ризиците од сообраќајни несреќи. На возачите им беше укажано за потребата од почитување на прописите, особено на пропуштањето на пешаците, а им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП.
Исто така, денеска и вчера, полициски службеници од СВР Битола на подрачје на Битола реализираа превентивна активност „Паркирај совесно-паркирај одговорно", при што на возачите им се укажуваше за потребата од почитување на обележаните паркинг места и доследно почитување на правилата во сообраќајот.