Во текот на вчерашниот и денешниот ден (27 и 28.02.2025) полициски службеници од ПСОН Берово во ООУ „Дедо Иљо Малешевски" реализираа превентивни активности посветени на безбедноста на најмалите во сообраќајот. На учениците им беа објаснети основните сообраќајни правила и прописи и како безбедно да ги поминуваат улиците, а им беа поделени и едукативни материјали.
На 28.02.2025 полициски службеници од Отсекот за превенција од ОВР Свети Николе организираа едукативна работилница во СОУ „Кочо Рацин" во Виница, на тема „Трговија со луѓе и илегална миграција", на која од страна на полициските службеници на учениците преку соодветен материјал им беше објаснето како да се заштитат од ваквите кривични дела.