Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ денеска (27.02.) спроведоа превентивна кампања од областа на сообраќајот насловена „Вози безбедно“. Притоа, на локации на подрачјата на ПС Михајлово, ПС Старавина и ПС Маркова нога, преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, полициските службеници укажуваа за неопходноста од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, особено во делот на почитувањето на дозволената брзина на движење, некористењето на мобилен телефон при возење и друго. Исто така, на возачите им беа делени и едукативни летоци, изработени во соработка со РСБСП.