26 февруари 2025

Едукативна работилница на СВР Велес за превенција од сајбер насилство

 

Од страна на Отсекот за превенција на СВР Велес денеска (26.02) во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Велес со учениците од седмо до деветто одделение беше реализирана едукативна работилница на тема „Превенција од сајбер насилство“ и „Користење на безбеден интернет“. На работилницата, преку наменска презентација, учениците беа запознаени со формите на ваквиот вид на насилничко однесување, начините и методите на справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а воедно им беше укажано за последиците од девијантното однесување. Исто така им беше укажано да внимаваат при користење на социјалните мрежи, односно да не прифаќаат било какви постирани предизвици кои може да им наштетат.

Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, на неколку локации во Кавадарци беше спроведена превентивно– едукативна активност поврзана со погрешното паркирање на возила под мотото „Паркирај совесно– паркирај одговорно“. Притоа на возачите им беа давани совети за поголема безбедност во сообраќајот и за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Во директна комуникација со граѓаните им беше укажано да не ги паркираат возилата на тротоари, обележани пешачки премини, велосипедски патеки, во градско зеленило , пред влезови на објекти... На возачите им беа делени и печатени материјали со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.