26 февруари 2025

Превентивни активности на СВР Битола

 

Вчера (25.02.) од страна на полициски службеници при СВР Битола, во основното училиште „Крсте Петков Мисирков" во с.Кравари,битолско, беа реализирани едукативни работилници на темите „Превенција од меѓуврсничко насилство– булинг“ и „Безбедно во сообраќајот". Основна цел на едукативните работилници беше информирање на учениците како да се детектираат, односно препознаат девијантните појави и да се подигне свеста и безбедносната култура во насока на благовремена превенција и заштита.

Исто така, денеска полициски службеници од ОВР Ресен во централното подрачје на Ресен реализираа превентивна активност во насока на побезбеден сообраќај под мото „Стави појас".

Полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола, вчера на повеќе локации во Битола реализираа превентивна активност под мотото - „Алкохолот е лош сопатник-не пиј кога возиш“. Целта на активноста беше преку непосредна комуникација со возачите, полициските службеници уште еднаш да апелираат и да им укажат на учесниците во сообраќајот за штетното и опасно дејство на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило, а сето тоа во насока на подигање на свеста кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот, пред се преку целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. На возачите им беше поделен и едукативно-информативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП.