Денеска (26.02) на повеќе пунктови на подрачјето на ОВР Виница, од страна на полициски службеници беше реализирана превентивно- едукативна активност насочена кон помладите категории учесници во сообраќајот. Преку делење информативни летоци и непосредна комуникација со помладите учесници во сообраќајот, полициските службеници ја потенцираа важноста од почитувањето на сообраќајните правила и укажуваа на последиците и ризиците со кои се соочуваат младите луѓе при користењето на мобилен телефон при управувањето на возилото, пребрзото возење или користењето алкохол.
Исто така денеска, од страна на полициски службеници од ОВР Делчево и ПО за БПС Делчево беше реализирана превентивна активност на повеќе локации во Делчево на тема „Биди подготвен за безбедно патување во зима-користете зимска опрема“. За време на активноста на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, за важноста и обврската за поседување на зимска опрема со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот и совесно почитување на сообраќајните правила и прописи.