25 февруари 2025

„Вози одговорно“, превентивна активност на СВР Велес

Денеска (25.02) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес , во соработка со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, на повеќе локации во градот беше реализирана едукативна кампања под мотото „Вози одговорно – животот е во твои раце“, со цел да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.

На возачите им беше укажано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да не возат под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа совети што треба да влијаат за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура.
Исто така , беше поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот, изработен од страна на РСБСП