Денеска (25.02.), полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола и Отсекот за превенција при СВР Битола, во основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во Битола реализираа едукативни предавања со учениците од ова училиште.
Полициските службеници, низ интерактивен пристап, ги запознаваа најмладите за основните поими од областа на сообраќајот, за потребата од безбедно учество во сообраќајот, за почитување на сообраќајните правила и прописи, за безбедно преминување преку коловозна лента, строго користење тротоари и пешачки премини, како и за други базични сообраќајни поими.
Целта на кампањата беше насочена кон стекнување основни сознанија за сообраќајот и сообраќајната безбедност, а со тоа и развивање на безбедносна култура кај најмладите.