Вчера (23.02.) на подрачјето на Крушево полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата „МВР за граѓаните- заедница, доверба, одговорност“, чија цел е давање акцент на важноста на градење партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, како и механизми за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.
Во рамките на проектот, полициски службеници на граѓаните им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентираа улогата на полицијата во заедницата, обврските и задачите по однос на безбедноста на граѓаните и општеството, како институција којашто го гарантира редот, мирот, владеењето на законите. Исто така, беа нагласени и активностите околу сузбивањето на разните облици криминал.
Покрај ова, вчера и полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола во Ресен спроведоа превентивно едукативна кампања за превенција од пожари. Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на Ресен и ресенските села. Притоа, основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, а во контекст на превенцијата од пожари.
За време на активноста во непосредна комуникација со граѓаните беше посочено какви се последици можат да настанат доколку не се биде внимателен, односно за недозволивоста од неодговорното однесување при правење на скара, потоа фрлањето отпушоци или други запаливи материјали, и воопшто за потенцијалните опасностите од предизвикување на пожари од невнимание. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.