Полициски службеници од ПС ОН Штип денеска (24.02.) реализираа едукативни работилници во ООУ „Димитар Влахов“ на тема „Превенција од сајбер насилство“. Пред учениците беа презентирани две проектни активности и тоа тематски поделени на „Сајбер булинг во училиштата“ и „Користење безбеден интернет“.
Инаку, основна цел на едукативните работилници беше информирање на учениците како да се детектираат, односно препознаат ваквите девијантни појави и да се подигне свеста и безбедносната култура во насока на благовремена превенција и заштита, како и запознавање со надлежностите на МВР во насока на сузбивање на овие појави.
Исто така, денеска и полициски службеници при ОВР Свети Николе спроведоа едукативна кампања од областа на сообраќајот на улицата „Маршал Тито“ во Свети Николе. Притоа, во рамки на превентивниот проект под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“, во непосредна комуникација со граѓаните, односно возачите, полициските службеници укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, како и за сериозните последици што може да ги предизвика таквото однесување. На возачите воедно им беше укажано за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП, со цел превенција и заштита од оваа појава и зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.