23 февруари 2025

„ Не вози пијан“ и „Не разговарај на мобилен додека возиш” – превентивни активности на СВР Штип

На 22.02.2025 на повеќе локации во Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведе превентивно - едукативни кампањи под мотото „ Не вози пијан “ и „Не разговарај на мобилен додека возиш”.
За време на активноста, преку непосреден контакт, на возачите им беше укажано дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи е од особено значење за зголемување на безбедност во сообраќајот. Исто така, за време на активноста на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина.