Денеска (22.02.2025) на подрачјето на општина Центар, на паркинг простор кај Градски парк и Зоолошката градина, Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ според планот „Превенција од имотни деликти“.
Основна цел на едукативно - превентивната активност е зголемување на самозаштита од тешки кражби од патнички моторни возила, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, по случаен избор на присутните граѓани им се укажуваше дека со применување на мерки за самозаштита ќе се превенираат последиците, и притоа им беа поделени летоци со едукативна содржина.