22 февруари 2025

Алкохолот е лош сопатник - не пиј кога возиш“ – превентивна активност на ОВР Ресен

 

Полициски службеници од Полициското одделението за безбедност во сообраќајот при ОВР Ресен, вчера (21.02.) на повеќе локации во Ресен реализираа превентивна активност под мотото - „Алкохолот е лош сопатник - не пиј кога возиш“.
Целта на активноста беше преку непосредна комуникција со возачите, полициските службеници уште еднаш да апелираат и да им укажат за штетното и опасно дејство на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило, а сето тоа во насока на подигање на свеста кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот пред се преку целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. На возачите воедно им беше поделен и едукативно-информативен печатен материјал изработен во во соработка со РСБСП.