На 21.02.2025 на подрачје на Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Струмица реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „И јас и ти, сите сме пешаци“.
Преку делење на летоци со едукативна содржина, полициските службеници ги потсетуваа пешаците, како една од најранливите и најзагрозени учесници во сообраќајот, за нивните обврски при учество во сообраќајот како пешаци. Ги потсетуваа дека задолжително треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин и други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци.